Ноздрите му се полнеа со светлина и неговиот здив оставаше сенка која зафаќаше неколку континенти. Престолот му беше направен од коњ кој лебдеше и ги проголтуваше падините!
И додека неговиот татко, замајан од виното, со својот нежен завршеток од показалецот, оној кој е еректиран над остатокот од клетки, а е толку кревок, ја галеше кожата од своето извадено око и го предвиде, токму со тоа извадено око, го виде својот син како со црна коњаница помина преку народите соединувајќи ги, а во исто време со копитата копајќи им ги нивните души! И додека во уши му ѕунеа звуците на за’рѓавените коњски копита, почувствува дека некој го турна од столицата. Тоа беше малиот-Магнус, испратен од светлината.
Ја исплука, Филип својата утроба, зачинета со винскиот-пехар, вели... се препил од херкуловиот грозен пехар, - чунки во него дно нема, а дното ја гради мерата!? Му се виде на храбриот Филип, дека син му, со пехар во кој има смртна течност, исцедена од Олимпова желудечна киселина, ќе го отруе својот создадавач, на денот на обединувањето на светот.
И Александар се качи над бистата од својот татко и со своите фекалии создаде уште поголема своја биста. И таму му заглибија нозете и не можеше понатаму, Александар се стори целиот фекалија на народната орална традиција и секој нареден орален кловн, врз него создаваше уште поголема фекалија и така, фекалијата ја остава да се суши врз бистата на Александар!
Врската помеѓу џентлмен и Александар?
Александар, бил гласноговорник и одличен реторичар. Бидејќи светлината на џентлменот не се гледа во сенката на неговата облека, во која се гледаат кројот на туѓи вешти раце и единствено претставува збир на хармонијата во изборот. Џентлмен, свелината и култот кон својата фигура, започнува во оној миг, кога самиот тој ќе почне да ја крши својата биста од мермер. Тогаш тој, ќе се почувствува слободен и од него ќе излезе вистинскиот џентлмен. Таков е Александар, со раскршено торзо и проѕирна душа. но со цврсто укотвени нозе на коњот, се плаши мислиш, Тој, Великиот Александар, зошто секој збор, може крв да пролие и да ја заузда разлеаноста на неговата коса!
Силината на општењето е обратно пропорционална од оптегнувањето на гласните жици, додека резето кај крајниците е трепетлика. Таа трепетлика не раѓа сигурност во нечиј глас, сигурноста е родена во тишината, ги плаши ѕверовите и Ве градира над нив, вашите осцилации ги прегрнуваат крвавите секачи на ѕверовите и ги брусат до тапост. И така се роди големиот, кој ги порази сите, вклучувајќи се и себеси!
Изборот на неговата облека, намена?!
Во својот престолот, Александар, секогаш врз својата глава, носеше глава од лав, сакајќи да ја заузда својата бестрашливост, склопувајќи мир со самиот себеси. Плашејќи се од самиот себеси, токму тој страв, е тивкиот убиец кој го покори големиот освојувач!
Неговата облека, покрај заштитна функција, секогаш ги нагласува Александровите атрибути, пред се’, целиот арсенал од облека за битки и за славење на Александар, се заоснова во заштитата од својата светлина и расцепување на истата, но и во ист миг го потенцира, постоењето на судот за самиот себеси.
Зошто ако не постои мера, не постои вистински џентлмен!
Автор: Илија Илов