Ермес изработи женски часовници кои ќе вe вратат во времето

25 јануари 2014

 

Во  мај годинава, модниот бренд Ермес ќе ја промовира својата нова линија на женски часовници, насловена Faubourg. Се работи за три дизајни на часовници, а карактеристика која ги издвојува од другите е што брендот реши да ги изработи најмалите големини на ремчиња за часовници кои никогаш порано не биле предизвик за изработка на дизајнерите од овој бренд. Моделите се украсени со ситни дијаманти сместени во златните и сребрени оквири на рамките. Вистинска класична елеганција и ретро вибрации кои беа својствен белег на ’40-тите години од минатиот век.

 

 

Цената на оваа луксузна линија часовници ќе се движи од 4900 до 12.500 евра.

 

 

Објавено:
25 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци