Може да ги обожавате, а може и никогаш да не ви падне на памет да ги облечете, но новиот моден хит, „грдите“ чевли едноставно  е ултимативен ова лето.

Дебели ѓонови, масивни, стабилни, фанки, со штикла или на рамна платформа – овие чевли имаат своја верзија со потписот на речиси сите познати светски брендови.

Совршено се комбинираат со парчиња инспирирани од 70-тите години, што особено се актуелни оваа сезона: ѕвонести фармерски, панталони со висок струк, лелеави фустаи, но и со мини здолништа и комбинезони.

Објавено:
3 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци