Накит создаден како плод на љубовта од фотографско дуо

23 јуни 2014

Познатото холандско фотографско дуо Инез и Винод покрај модната фотографија одлучија да се занимаваат и со дизајн на накит, а веќе ја претставуваат и својата втора колекција. Целата приказна на оваа фотографска двојка почнува кога Винод и подарил ѓердан на својата сакана. Два преплетени прстени на златен синџир, споени со превезок во облик на морска ѕвезда,  воедно претставуваат основната инспирација за целосната колекција која многу брзо го доби своето продолжение.

 

Двајцата фотографи сега презентираат 10 различни верзии на ѓердани и прстени наменети за мажи и жени со кожена лента што го заменува златниот синџир. Женските модели на прстени имаат и брилијанти кои ја потенцираат женствената страна на талентираната Инез. Мотивот на цела колекција е заедничкиот живот, а она што е интересно е дека прстените освен на рака може да се носат и околу вратот.

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци