Пролетта е време кога веќе повеќето почнуваат да размислуваат за летните одмори. А изгледа и Сен Лоран размислувал за потребите на патувачите, па неодамна ја презентираше ексклузивната колекција на патни торби.

Колекцијата е наречена Monografm Collection и вклучува корисни аксесоари за излети и патувања. Торбите се со различни големини, а исто така ќе поседува и футроли за iPad, паричници и визит карти, што ќе израдува многумина.

Business

Сите парчиња од новата колекција се изработени од квалитетни ткаенини и кожа во кафени и црни нијанси, украсени со златен метал. Поголемите торби имаат и „златен“ катанец. Уште една предност на торбите е што се универзални и се одлични за долги патувања.

Комплетната колекција, како и дополнителните информации во врска со истата се достапни и на официјалниот сајт на брендот.
esq-ysl-monogram-luggage-2014-xl

esq-ysl-monogram-luggage-2014-xl1

Travel-

af6e1c6931c050c3d74c1065c980d636

 

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци