Одберете си една од најубавите и најмодерните чанти за деловни жени за сезонава!

10 јули 2014

Веруваме дека веќе ги обожавате големите чанти што со текот на времето станаа и ваши најдобри пријателки! Токму во нив, може да го собереме сето наше богатство што ни е потребно за да преживееме еден ден полн со активности.

Чантите, заедно со чевлите, се дефинитивно најважните модни додатоци на кои секоја жена треба да им посвети најмногу внимание.

Многу оддамна, совршената чанта за жените значеше голема, конзервативна, практична и црна торба. Но, со огромниот избор што ни е на располагање денеска, можеме да уживаме во безброј форми, бои, големини и материјали на чанти од кои ќе го избереме оној што најмногу ни одговара нам.

Оливија Палермо носи Зара торба Оливија Палермо носи Зара торба

Иако црната чанта во четириаголна форма е нешто што секоја дама мора да го има во својот плакар, оваа сезона совршените чанти за деловните жени се во светли и свежи бои и материјали.

Во однос на тоа на чиј бренд чантите се најбарани, од оние светски познатите и луксузни дефинитивно би ги издвоиле Малбери, а од high street брендовите, Зара е брендот што дефинитивно води.

zara-workwear-bag

Во продолжение, погледнете ги најубавите и најмодерните чанти за деловни жени за оваа сезона, и одберете си една, иако знаеме дека тоа ќе ви претставува огромен проблем, бидејќи сите се едноставно – неодоливи!

Објавено:
10 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци