Ова се највпечатливите модни додатоци од „Златните глобуси“

15 јануари 2014

Велат, сè е во деталите! Токму во тоа можевме да се увериме и на овогодинешното доделување на наградите „Златен глобус“ каде покрај одличните стајлинзи, имавме можност да видиме и тренди модни додатоци.

Клач чанта во беж боја во комбинација со златни алки Клач чанта во беж боја во комбинација со златни алки

Според многумина, најголем впечаток оставија прекрасните клач чантички во беж боја што ги носеа голем дел од прекрасните актерки.

Она што исто така можевме да го видиме на овогодинешните „Златни глобуси“ кога станува збор за модните додатоци, беа и интересните обетки во смарагдно зелена боја што ги носеше актерката Џенифер Лоренс.

Впечатливи обетки во интензивна боја Впечатливи обетки во интензивна боја

За овие модни додатоци, а и за многу други, погледнете во галеријата и инспирирајте се за следниот свечен настан што ве очекува!

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци