Монохроматиката е синоним за есенската и зимска сезона и токму затоа, новите модели на чанти од модната куќа, внесуваат доза шаренило и се клучни за разбивање на монотониот стил. Валентино овој пат отстапи од препознатливите класични модели и внесе шаренило во однос на модните додатоци, односно чанти, кои се совршен избор и за наредната пролетна сезона.
Валентино во својата вибрантна линија вметна различни модели на чанти. Во новата понуда може да се најдат мини чанти со нитни, поголеми чанти неопходни за извршување на работните обврски, како и ранците кои ги освоија симпатиите на младите трендсетерки.
Доколку сакате и можете да си го дозволите ова слатко задоволство, ќе треба да одвоите од 1. 050 до 2. 500 евра, а истите може да ги нарачате од службената страна на модната куќа.