Младиот српски дизајнер Александар Топиќ во рамките на неговиот бренд BowTie.At неодамна ја објави својата трета колекција вратоврски пеперутки на кои им даде ново, забавно и заводливо лице. Колекцијата вратоврски содржи 203 модели, кои всушност се експлозија од бои и принтови.
Играјќи со текстил, Александар дизајнираше посебни форми на „пеперутките“, па така традиционалната форма успеа да ја модифицира во крилја кои навистина изгледаат впечатливо и уникатно.
Тој истакнува дека новите вратоврски во пролетно-летни мотиви не се наменети само за формален изглед, туку за сите секојдневни комбинации. Во овој случај монотонијата на монохроматиката е разбиена со принтови од мачиња,риби, тортички, точки,морнарски мотиви, тантела, едноставно изборот е многу голем и неограничен. Доколку ви се допаѓа некоја од овие „пеперутки“ можете да ги нарачате на официјалниот сајт на дизајнерот.