Топлото време полека ни се доближува, а тоа значи дека е вистинскиот момент да зачекорите во нови тренди пролетно летни модели на високи потпетици. Речиси и да не постои припадничка на понежниот пол што може да им одолее, а штом се појават нови модели ретко кога издржуваме да не ги купиме. Минатата сезона полека се наметна трендот на обувки на високи потпетици изработени во сегменти од транспарентна пластика.
Моделите со шпиц веќе ја имаат главната улога, а за топлиот период пред нас, дизајнерите изработија нови модели од PVC, односно необични линии и изработки. Велат дека изборот на обувки е одраз на вашиот карактер, па така ако ви се допаѓаат овие модели вие имате чист и јасен поглед кон тоа кој е задолжителниот чифт за вашите стапала. Во продолжение погледнете неколку такви модели, а многу наскоро очекувајте низ бутиците да сретнете многу слични на нив.