Фасцинантниот млад уметник Маор Забар на кој пред неколку години му била дијагностицирана сериозна болест на цревата и поради тоа морал да се откаже од сите омилени јадења, нашол сосема креативен начин да ја изрази љубовта кон храната!

Триесет и шестгодишниот уметник од Израел внимателно и со огромна љубов го прави секој еден детаљ што подоцна го поставува на неговите шапки што се неверојатно реални, пишува Дејли Меил.

„Кога дознав за мојата болест, бев приморан да почнам со сериозна диета и бев спречен да конзумирам некои од моите омилени јадења. Па затоа, наместо да ги јадам, почнав да ги правам од различни материјали и да ги поставувам на моите шапки“, вели младиот уметник и костимограф.

Денеска, неговите шапки ги обожаваат многу девојки ширум светот, а откако и самиот ја победил болеста ќе каже:

„Сега повторно почнувам да ги јадам омилените јадења, но во многу мали количини, но тоа не значи дека ја загубив желбата за креирање на шапките“.

Тој постојано црпи инспирација за нови дела од неговата работа во театарот каде работи на различни претстави и ги прави костимите за актерите.

„Никаде не сум видел шапки како моите. Мислам дека она што јас го правам е уникатно и се надевам дека луѓето ќе можат да го видат тоа. Јас постојано чувствувам „глад“ и потреба да создавам нови и слатки работи за жените со кои тие ќе се чувствуваат гламурозни и уникатни“, вели шармантниот уметник.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од неговите фасцинантни дела!

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци