Тренди капи за деновите кога имате лоша фризура

2 декември 2016

Веројатно и вам досега ви се има случено да се разбудите со ултра лоша фризура и да немате време истата да ја средите за на работа или било кое друго место.

Доколку условите ви дозволуваат, тогаш капата е најдобриот избор што го имате во овие денови. Топлите волнени зимски капи од хрватскиот бренд Noelle и оваа зима се вистински хит кај трендсетерките.

Оваа сезона истите добија уште многу нови интересни модели со натписот „Bad Hair Day“ кои се неверојатно популарни кај младите девојки.

Брендот оваа сезона нуди неодоливи модели во многу бои меѓу кои и бела, кафена, сива, црна, сина, црвена, жолта и уште неколку други кои знаеме дека ќе ви се допаднат.

Хрватската модна блогерка Исабела Ракониќ во мини едиторијал за fashion.hr ги презентира сите модели од овие фантастични зимски капи.

Погледнете!

Објавено:
2 декември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.044 пати