Амал Клуни отсекогаш важела за пример за префинет стил и беспрекорен вкус за мода за кои постојат безброј сведоштва. Амал отсекогаш била вљубеничка во винтиџ облеката, дури и пред таа да стане вистински тренд во текот на последните неколку години.
Незаборавен пример е оној од минатата година кога Амал се појави во фустан од 16Арлингтон за време на филмскиот фестивал во Лондон, како и мини фустанот со светки од Ermanno Scervino во кој беше фотографирана на периферијата на езерото Комо пред само неколку дена.
Во 2016 година, меѓународната адвокатка се прошетката на црвениот тепих на Берлинале во фустан на Yves Saint Laurent кој датира од 1981 година, а три години подоцна, таа присуствуваше на хуманитарна вечера во Бакингемската палата облечена во фустан без прерамки на Jean Louis Scherrer , дизајниран од Stéphane Rolland во 2007 година.
Покрај тоа, Амал поседува и воодушевувачка винтиџ колекција на палта од 60-тите години на минатиот век, почнувајќи од Balenciaga до Courrèges и дводелни костуми од Christian Dior. Со својата беспрекорна елеганција, Амал Клуни е одличен доказ за тоа дека е сосем возможно да се носи винтиџ дење и ноќе,а во прилог е и галерија каде можете да погледнете како таа го прави тоа, и можеби да се инспирирате.