Алиша Кис за првпат ќе стане заштитно лице на Живанши

7 мај 2014

Популарната пејачка и композиторка, Алиша Кис за првпат ќе потпише договор со францускиот бренд Живанши, односно таа ќе стане заштитно лице на нов парфем. Греми добитничката ќе се појави во рекламна кампања која се очекува да биде објавена во месец септември.

-Почестена сум што ја добивам оваа улога, посебно од бренд кој навистина го обожавам и ми е омилен,изјавува пејачката.

Инаку, моментално Алиша работи на новиот албум кој го носи насловот „Girs on fire“.

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Сцена