Ана Винтур: Сите еднаш во животот треба да добијат отказ!

5 март 2015

lat-mg-annawintour-kimye-vogue-wre001556887

Ана Винтур или челичната лејди во модниот свет е синоним за моќ. Една од првите асоцијации на Винтур е истата фризура и чевли што ги носи со години. Иако многумина и не ја сакаат, сепак никој не може да одрече дека е една од најуспешните личности во модниот свет.

Токму затоа, пред неколку месеци таа на британскиот новинар Аластаир Камбербел му даде кратко интервју, чии делови пак, новинарот и писател ги објави во својата последна книга насловена како Winners and How They Succeed.

Во интервјуто Винтур зборува за тоа како остварила неверојатен успех и како успеала да стане една од највлијателните личности во модната индустрија, како изгледа нејзиниот приватен живот, надвор од рамките на Vogue.

"The Commons Of Pensacola" Opening Night

Едно од најшокантните изјави според странските медиуми е советот на Ана за професионален успех, кој гласи: Сите во животот еднаш треба да добиеме отказ.

„Можеби звучи шокантно, но сите барем еднаш во својата кариера треба да добијат отказ, раскинување на договор, бидејќи совршенство и идила не постојат и што побрзо го сфатите тоа, подобро за вас. Многу е важно да ги имате тие моменти во животот, кои ви даваат шанса да се преиспитате себе, како и тоа што сакате од себеси, но и од другите“, изјави уредничката.

Таа додава дека во нејзината долгогодишна кариера, неколку пати добила отказ, што никогаш не го криела, потенцирајќи на тоа дека тие откази на направиле посилна и уште повеќе подготвена да се избори за своите соништа.

Можеби најпознатиот отказ секако е оној од 1975 година, кога е отпуштена од Harpers Bazaar.

anna-wintour-vogue

Но, Винтур има и дополнителен совет: „Луѓето подобро работат кога мора лично да одговараат за нешто. Верувајте во себе и тоа ќе ви даде „грб“ за секој успех!“.

Големо внимание привклекува и нејзиниот начин на кој се изолира од надворешниот свет и се релаксира.

„Можеби нема да ми верувате, но надвор од работата јас немам толку исполнет и моќен живот. Најмногу сакам да отпатувам за викенд на село до децата и миленичињата и да играм тенис. Добро ми оди тоа исклучување од светот. Генерално, за викендите воопшто не сакам да бидам во градот. Не ми одговара. На имотот надвор од градот имам голем двор, каде се занимавам и со градинарство“, сподели 65-годишната Винтур.

Во продолжение погледнете неколку фотографии од младоста на Винтур, која и тоа како знае да се смее.

a3

a2

a1

 

Објавено:
5 март 2015
Категорија: 
Сцена