Барак Обама ги почести најзаслужните во американската култура

9 декември 2014

Оваа недела од изминатиот викенд беше вечерта кога во престижниот Кенеди центар во Вашингтон, традиционално се собраа многу јавни личности. Пет од нив ја добија почесната награда за своите придонеси во американската култура, симболично изработена како лента во боите на виножитото.  Оваа година, виножитото  го  добија Том Хенкс, Патриша Мекбрајд, Стинг, Лили Томлин и Ал Грин.

-За разлика од сите церемонии, од оваа не си одам без награда, се пошегува актерот Том Хенкс, кој се појави во присуство на својата сопруга.  Претседателот Барак Обама колоритната лента  ја врачи и на балерината Патриша Мекбрајт, пејачот Стинг, актерката Лили Томлин и музичарот Ал Грин.

На 37-то издание од наградите во Кенеди центарот присуствуваа и пејачката Лејди Гага, музичарот Бруно Марс, Ашер, актерката Мерил Стип и уште плејада  ѕвезди,  кои придонесоа и оваа година да се даде на значење на најдобрите, што со своите дела успеале да наметнат некакво влијание во Америка.

По официјалниот дел следеше музички концерт на кој највпечатлива  беше изведбата на Лејди Гага,  која настапи со неколку легендарни песни од Стинг. И на оваа церемонија,  црвениот килим не беше исклучок, од  каде продефилираа познати личности од светот на филмот, театарот и музичката индустрија. Инаку, свечената гала вечер се одржува секоја година во месец  декември, уште од далечната 1978 година, а домаќин на 37-то доделување беше комичарот   Стивен Колберт.

Lady Gaga - Taylor Kinney Lady Gaga - Taylor Kinney

 

Објавено:
9 декември 2014
Категорија: 
Сцена