Првата слика која ја визуелизираме кога ја спомуваме Мерлин Монро, е познатата сцена со фамозниот бел плисиран фустан со изразено деколте. Токму овој фустан кој Монро го носеше во филмот „The Seven Year Itch“ (1955), е изгласан за најпопуларен костим на филмското платно.
Фустанот кој го креираше дизајнерот Вилијам Травиља, влезе во историјата на светската кинематографија благодарение на незаборавната сцена со најпознатата блондинка.
Во истражувањето кое го направи британската фондација „Срце“, покрај фантастичниот фустан на Мерлин Монро, како најпопуларни се посочуваат и изгледот на Џуди Гарланд која ја игра улогата на Дороти во „Волшебникот од Оз“ и вклучува син фустан на прерамки, со кошула со бумбарести ракави и неизбечните црвени светкави челичиња, а нив им се приклучува и Оливија Њутн-Џон во завршната сцена на „Брилијантин“ која изгледа неодоливо сексапилни црни кожени хеланки, тесен топ и волуменозна фризура.
Секако во најтесната листа се и неизбежната Одри Хепберн која го носи револуционерниот мал црн фустан на Живанши во „Breakfast At Tiffany's“, како и Урсула Андрес во бикини од незаборавната сцена во „Dr No“.