Фото: 10 најдобри фустани од филмското платно

13 јуни 2022

Иако најчесто коментирани на црвениот килим, гламурот, елеганцијата и префинетоста на Холивуд се несомнено присутни и на филмското платно, а со тоа и неизбежно влијателни врз модната индустрија и секојдневниот живот.

Бројните награди за „Најдобар костим" во филмовите е само уште еден доказ за тоа колку важна улога има костимот во целосниот квалитет и успех на крајниот филмски продукт.

Земајќи предвид колку е значаен филмскиот костим, можеме да дојдеме до заклучок дека комбинацијата на парчиња облека за која костимографите се одлучуваат во текот на еден филмски процес заслужува многу повеќе од тоа да биде сведена на едноставниот термин „костим". Сепак, станува збор за креации кои не само што ја збогатуваат приказната и помагаат во градењето на ликот, туку и влијаат врз стилот на обичниот гледач и инспирацијата во реалниот живот.

Денес одвојуваме 10 најубави и најелегантни фустани кои сме ги забележале на филмското платно.

1. Феј Вреј во „King Kong" (1933) - Белата тоалета на ликот на Феј Вреј со деколте во форма на срце во филмот „King Kong" претставува еден од најпрепознатливите белези на франшизата.

2. Џуди Гарланд во „The Wizard of Oz" (1939) - Сино-белиот фустан на Дороти стана иконски дел од кинематската историја. Има причина зошто се носи секоја Ноќ на вештерките, дури и децении подоцна.

3. Вивиен Ли во „Gone with the Wind" (1939) - Вивиен Ли носеше голем број на прекрасни фустани за нејзиниот портрет на Скарлет О'Хара во „Gone with the Wind", но нејзиниот смарагдно-зелен кадифен фустан е еден од највпечатливите во филмот.

4. Рита Хејворт во „Gilda" (1946) – Црниот сатенски фустан без прерамки со ракавици до лактите и помогна на Хејворт совшено да го изгради нејзиниот пин-ап лик во филмот „Gilda".

5. Мерлин Монро во „Gentlemen Prefer Blondes" (1953) - Еден од најпознатите изгледи на Мерлин Монро (од многуте) беше во „Gentlemen Prefer Blondes". За време на нејзината изведба на „Дијамантите се најдобар пријател на девојката", актерката носеше жешко-розова вечерна тоалета без прерамки и ракавици.

6. Грејс Кели во „Rear Window" (1954) - Црно-белиот вечерен фустан со деколте, стегнат на половината и широкото долниште од тул е едно од највпечатливите фустани, дизајниран од Едит Хед, што ликот на Грејс Кели ги носеше во филмот „Rear Window" на Хичкок.

7. Одри Хепберн во „Breakfast at Tiffany's" (1961) - Црната вечерна тоалета и бисери што ги носеше ликот на Хепберн во „Breakfast at Tiffany's", Холи Голајтли, е софистицирантаа комбинација која стана симбол на класика.

8. Елизабет Тејлор во „Cleopatra" (1963) – Неверојатниот костим дизајниран за Тејлор во филмот „Cleopatra" вклучува 24-каратна златна круна и наметка што нејзиниот лик Клеопатра ги носи при пристигнувањето во Рим.

9. Кејт Винслет во „Titanik" (1997) - Свечената вечерна тоалета со мониста на Роуз дизајниран од Дебора Лин Скот е еден од најпрекраните креации што се појавуваат во филмот.

10. Ен Хатавеј во „The Devil Wears Prada" (2006) – Во филмот, Андреа сакс преминува од анти-мода во бон виван која „заработува" пар од новите чизми Шанел. Но, фустанот што привлече особено внимание во филмот е црната свилена тоалета на Валентино што ја носи на хуманитарната гала на Runway.

Објавено:
13 јуни 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
975 пати