Домашна јавна сцена: Највпечатливите изгледи за оваа година

27 декември 2013

Крајот на месец  декември е карактеристичен по тоа што  речиси насекаде во медиумскиот простор можеме да прочитаме и погледнеме различни содржини од моден агол каде се сублимираат добрите и лошите модни моменти , но со заеднички суперлатив на почетокот. Па така и ние ги прелиставме фото галериите од нашата архива и се потрудивме да ги избереме највпечатливите стајлинзи, носени од исто толку впечатливите познати дами од македонската јавна сцена. Соработката што ја имаат со македонските модни дизајнери секако игра улога за беспрекорниот изглед, но сепак и нивниот личен моден вкус игра огромна улога, за индивидуално да ви ги претставиме, како  вешто умеат да го носат она што им прилега и да му дадат личен печат на истиот.

За пејачката Тамара Тодевска 2013-та беше година на модни погодоци. За тоалетата во пастелна нијанса што ја носеше на „Скопскиот фестивал“ доби повеќе позитивни критики, а и ние овој нејзин сценски стајлинг , го прогласуваме како еден од  најуспешните за  годината што изминува.

Пејачката Сара Костадиновска, освен со својот неверојатен вокал и талент што го поседува,  внесе колорит и ведрина на македонската музичка сцена. Дека соработката со професионален дизајнерски тим  игра голема улога, тоа Сара добро го знае. На истиот фестивал Сара Мејс носеше впечатлива креација од комбенизон со богат корсет во златна нијанса  на модната куќа „Елена Лука“, во која  изгледаше како светска дива. Оваа комбинација навистина беше празник за очи.

Никако не можеме да ја заобиколиме макенеката Катарина Ивановска. Независно дали е во дневна или вечерна варијанта, нашата познатата манекенка е толку маркантна што нема кој не би ја погледнал. Оваа елегантна тоалета ја селектиравме како стајлинг кој сигурно беше полн погодок.

Каролина ја претпочита едноставноста и минималистичкиот пристап кон селекција на парчињата од комбинациите и секогаш вметнува  впечатливи датали по кои на оригинален начин се издвојува. Но, нејзината убавина, оваа година таа дополнително ја истакна со тоа што на себе имаше весели бои во кои  изгледаше не само како пејачка со одлично изграден стил , туку и како манекенка од светските писти што умее да го истакне најдоброто на себе.

 

Зарем е возможно, да не ги пофалиме и стајлинзите на водителката Лила Стојановска, која секоја вечер ја гледаме на Тв екраните во блескаво модно светло. Лила едноставно не знае да погреши, а како и за изминатите години таа е една од најдобро облечените жени од македонската јавна сцена.

Водителката Ирена Спировска е жена што пред се има  нагласен  младешкиот  изглед, од кој дури помислуваме дека времето за неа не минува. Ирена е пример за негувана жена, што секогаш умее на оригинален начин да износи  како макси, така и мини фустани и здолништа во кои никогаш не останува незабележана.

Градоначалничката на општина Кисела Вода и актерка, Билјана Беличанец ги претпочита класичните стајлинзи. Овој е само еден од повеќето успешни, зашто таа едноставно умее на својот моден вкус да му вметне доза на моќ, мистичност, елеганција, женственост и сензуалност.

Пејачката Верица Пандиловска можеби ја немаше извесен период на македонската музичка сцена, но кога се појави годинава на неколку манифестации и Скопскиот фестивал, таа не воодушеви со беспрекорниот изглед и вистински избраните тоалети.

Формалниот стајлинг на водителката Симона Николовска е еден од повеќето нејзини успешни за годинава. Избраната, од ова ретроспективно разгледување месециве наназад, е комбинација од тренди класични парчиња, што секоја девојка и жена треба да ги применува на работното место.

Моќната бела комбинација на актерката Наташа Петровиќ беше една од поуспешните на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Панталоните со впечатлива една поширока и потесна ногавица, споени со краток топ и сако, прават да изгледа како светските холивудки актерки.

Актерка која иако е млада и допрва ќе ја освојува публиката од штиците кои живот значат, Драгана Левенска е меѓу дамите што се грижат за стајлингот како приоритет за успех. Левенска, годинава почна да соработува со Елена Лука, а одличниот резултат е повеќе од очигледен. Но, Драгана е исто толку атрактивна и во стајлинзите што самата ги комбинира, зашто модата исто како и актерството е нејзина силна страна.

 

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Сцена