Драмата заврши: Хари пристигна во Канада, Меган во прошетка со Арчи

21 јануари 2020

Британското кралско семејство секогаш било интересно за јавноста, но по смртта на Дајана, никогаш вака. Веројатно никој не очекуваше дека некогаш ќе се случи некој од принцовите да си замине од кралството.

Откако Хари ѝ се обрати на јавноста, посочувајќи дека одлуката е тешка, но дека била неопходна, се појавија и првите фотографии од “слободната двојка“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by What Meghan Wants (@what.meghan.wants) onJan 20, 2020 at 10:56pm PST

 

За потсетување, после долгите преговори и разговори, Меган и Хари се откажуваат од кралските титули, ќе ги вратат јавните пари со кои била реновирана нивната куќа во рамки на кралството во износ од 2.5 милиони фунти и веќе нема да бидат високи членови на семејството. Својот живот ќе го продолжат на релација Канада - Британија, како што и претходно најавија, стекнувајќи и финансиска независност.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by What Meghan Wants (@what.meghan.wants) onJan 21, 2020 at 12:57am PST

Додека во Лондон се одвиваше драма, Меган беше со синот Арчи во Канада. 

Неколку пати е фотографирана како е среќна и насмеана, а тоа се потврди и на последната фотографија од Ванкувер, каде се шета со синот и кучињата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lifestyle, Events & News (@alwaysstartswith) onJan 20, 2020 at 3:43pm PST

 

Од друга страна, Хари вчера е фотографиран како слетува во Канада, за семејството конечно да се обедини.

 

Објавено:
21 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.754 пати
Тагови: 
Хари Меган Канада