Џенифер Лопез (52) со смел изглед на црвениот килим на MTV наградите

6 јуни 2022

Џенифер Лопез викендов доби специјална награда за нејзините постигнувања во филмската и телевизиската кариера, „Generation Award" на MTV Movie&TV awards што се одржаа во Санта Моника.

За приликата, Џеј Ло на црвениот килим се појави во смела црна комбинација, со длабоко изразено деколте.
Се работи за креација на младиот, но доста актуелен либански бренд Mônot чии дизајни се почесто ги гледаме на црвениот килим, препознатливи по сензуалната и сексапилна естетика.

52-годишната Лопез зрачеше со женственост, во припиената тоалета со црн кожен корсет, изглед за кој ден потоа најмногу се коментира.

Откако ѝ беше врачена наградата, одржа емотивен говор без да ги штеди солзите:

-Сакам да ѝ се заблагодарам на вистинската љубов и му благодарам на начинот на кој се лажев себеси, бидејќи така знаев дека треба да растам. Сакам да им се заблагодарам на разочарувањето и неуспехот што ме научија да бидам силна. И на моите деца кои ме научија да сакам. Сакам да им речам благодарам на сите луѓе кои ми велеа, в лице или зад грб, дека не можам да го направам ова. Навистина мислам дека немаше да успеам без вас. И знам дека немаше да го направам ова без фановите кои ги гледаат филмовите, вие сте причината поради која сум тука. Ве сакам.

Џеј Ло вечерта освои уште една награда за најдобра песна, за „Оn my way".

 

 

Објавено:
6 јуни 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.871 пати