Џони Деп ја купи Кејт Мидлтон!

11 декември 2014

Џони Деп покажа дека е вистински обожавател на кралското семејство со неговиот последен потег со кој особена љубов искажа кон бремената Војвотка.

На изложбата и отворањето на студиото на неговиот омилен артист Пегасус во малото гратче Инсингтон во Лондон, шармантниот актер  го купил портретот на голата и бремена Кејт по цена од најмалку 25 илјади  британски фунти!

На сликата,  Кејт  „позира“ гола, а на стомакот има мала круна под која сосема метафорично, е поставен насловот на култната серија Game of Thrones.

Менаџерот на лондонскиот уметник, Леонард Вила изјавил дека тие биле подготвени и знаеле дека актерот ќе се појави на отворањето на новото студио на Пегасус и дека најголемо внимание кај него ќе предизвикаат портретите на Војвотката.

„Тој беше неверојатно шармантен и веднаш ја купи сликата со Кејт, а нарача и уште еден од нејзините портрети“, изјавил менаџерот.

Инаку, во моментов актерот го снима новото продолжение на култниот Alice in Wonderland: Through the looking glass. Секако, приказната тука нема за застане бидејќи Деп доволно им даде повод на медиумите за истрага.

Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Сцена