Се разведуваат Џони Деп и Амбер

26 мај 2016

Странските медиуми утринава се тркаат кој ќе пренесе повеќе информации за разделбата на Џони Деп (52) со Амбер Херд(30). Веста прво ја соопшти сајтот TMZ, кој вели дека Амбер била таа што ги поднела документите за развод, а нив можете да ги видите на линкот овде.

Она што шокира е што тоа го направила само три дена по смртта на мајката на актерот (во понеделникот), со која бил неизмерно близок и приврзан, а како причина навела дека се работи за ненадминливи разлики.

За потсетување, двојката стапи во брак во февруари минатата година, а како пренесува TMZ, двојката нема потпишано предбрачен договор.

Веднаш по оваа вест, сајтот сподели уште една, во која вели дека семејството на Деп воопшто не ѝ било наклонето на Амбер и дека тоа е една од главните причини за доаѓањето до развод.

Џони Деп со мајка му, Бети Сју

Како пренесуваат нивните извори, децата на Џони Деп, кои се тинејџери (од бракот со Ванеса Паради) и неговата мајка „ја мразеле Амбер и отворено зборувале за тоа“.  Тие исто така, зборувале дека Амбер го навредува и пцуе Џони и дека го „третира како ѓубре“.

Актерот нешто порано годинава, ја донесе неговата мајка, Бети Сју Палмер во Лос Анџелес, да живее со него и Амбер, а тоа довело тензијата уште повеќе да расте.

Изворите на TMZ изјавуваат дека мајката на актерот често им зборувала на пријателите дека Амбер го користи за пари, слава и за да ѝ помогне во кариерата. Тие додаваат дека откако Амбер и Џони се земале, пред да се пресели кај нив, Бети Сју го видела синот само еднаш, а и двајцата (и Бети и Џони) ја обвинувале Амбер дека таа ги раздвојува, за да има потполна контрола над него.

Џони и Бети

Сајтот пренесува и дека откако Бети се вселила кај нив, Амбер имала само две средби со Бети, а таа пак, не ја пропуштила шансата да прокоментира дека Амбер е „ужасна личност“.

Она што следно се очекува е да се види како ќе се заврши целата приказна. Светските медиуми со нетрпение очекуваат да ја дознаат цената на разводот, особено имајќи предвид дека Амбер сака месечна издршка (брачна алиментација) од Џони, чие богатство се проценува на преку 400 милиони долари, а тој пак е уште во тага поради смртта на мајката, па сè уште нема реакции од негова страна на овој чекор на сопругата. 

Инаку, Џони моментално го промовира својот последен филм "Alice Through The Looking Glass", којшто ќе започне да се прикажува во САД веќе од утре, а неодамна беше гостин и кај Џими Кимел каде што изненади еден од своите најголеми обожаватели - пејачката Пинк.

Едно од последните појавувања заеднички на двојката е на видео-пораката за зачувување на Аврстралија.

 

 

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.261 пати