Во една сосема обична вечер во Њујорк, зградата Empire State беше вистински празник за очи кога на истата почнаа да се прикажуваат прекрасни фотографии по повод 150 годишниот јубилеј на магазинот Харперс Базар.

Фотографиите биле внимателно одбрани од досегашната историја на магазинот, меѓу кои и оние од едиторијалите со Одри Хепберн, Кејт Мос, Лорин Бекол, Рис Витерспун, Гвинет Палтроу и миленичката на новата генерација, Кендал Џенер.

„Сакам на граѓаните на Њујорк да им овозможам уживање во најдоброто модно шоу во светот. Ќе има и многу светла како никогаш досега“, изјави Гленда Бејли, уредничка на магазинот.

На јубилејната насловна страница по повод 150 годишнината на магазинот, се појави Кендал Џенер во гламурозно, ретро издание.

Таа беше дел и од забавата на магазинот каде пристигна во елегантен црн фустан со длабоко деколте и отвор, кога и официјално го означи стартот на проектирање на одбраните фотографии.

Сосема очекувано, на роденденот на Harper's Bazaar во организација со Тифани, се појавија голем број прекрасни дами кои блеснаа во раскошни комбинации.

Најголемо внимание се чини остави 63 годишната Кристи Бринкли која на настанот се појави со нејзината 18 годишна ќерка – модел.

Очигледно времето застанало за поранешниот супер модел која изгледаше неверојатно младо и гламурозно во црниот кус фустан со длабоко деколте.

Вистинска убавица беше и актерката Пријанка Чопра која се одлучи за долг фустан во прекрасна пролетна нијанса со раскошно деколте во кој изгледаше навистина магично.

Раскошна дама во долг црн фустан со деколте беше и манекенката Доцен Крус, која се појави со едноставна фризура и ултра минимална шминка.

Во галеријата погоре погледнете дел од дамите кои присуствуваа на забавата на магазинот, но и неверојатната проекција за фантастичните фотографии. 

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
559 пати