FaceAPP: Како би изгледале Кејт, Меган, Вилијам и Хари како пензионери?

7 август 2019

Ниту британското кралско семејство не го одмина трендот „FaceAPP". Откако последниве неколку недели, социјалните мрежи ги преплавија фотографии во кои се искористени манипулации преку апликацијата која фокусот го става на тоа како би изгледале помлади или постари, магазинот Daily Mail, објави фотографии и со членовите на кралското семејство.

Имено на фотографите може да ги видиме ликовите на принцовите Хари и Вилијам, војвотката од Сасекс, Меган и војвотката од Кембриџ Кејт, како би изгледале во подалечна иднина.

Предизвикот го направија нивните фанови, кои стовремено коментираа дека и во нивната старост, сите би изгледале прекрасно.

Фото: Daily Mail

 

 

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.070 пати