Како Марио Тестино го направи портретот на Кејт и Вилијам

22 јануари 2014

Kmiddleton_pRINCEWILLIAM_v_13dec10_MarioTestino_426x639

Познатиот моден фотограф Марио Тестино беше задолжен да го направи портретот на принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ Кејт, а за странските медиуми откри што се случувало за време на сесијата.

Тој вели дека фотографијата настанала благодарение на спонтани емоции:

„Чекав долго време, можеби час или два, за да ја направам совршената фотографија. Но, не бев сосема задоволен. Кога го завршив снимањето, тие се подготвуваа да си одат и се прегрнаа пред радијаторот. Го земав апаратот и тоа беше фотографијата што ме освои и мене и сите подоцна - беше спонтана емоција... Од фотографијата се гледа дека се комплетно вљубени“, раскажува Тестино.

Инаку, тој и Кејт Мидлтон првпат се запознале во 2008 година и вели дека уште погаш можел да види дека Вилијам е вљубен во неа.

„Знаев дека ќе останат заедно“, тврди Марио.

Тој има долга поврзаност со кралското семејство, а беше задолжен и за дел од најпознатите фотографии од Дајана. И покрај тврдењата дека таа и Кејт си личат, тој го вели спротивното.

„Кејт е преубава во еден поинаков контекст. Од неа зрачи среќа. Удобно и е во нејзината љубов“, вели Тестино.

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Сцена