Кој се крие зад маските на Мезон Мартин Мерџела?

29 јули 2014

Модниот свет конечно дозна кое е таинственото лице кое години наназад е на тронската позиција на Мезон Мартин Марџела. Судбината на модната куќа беше неизвесна по заминувањето на нејзиниот основач, а во 2002 година модната куќа беше откупена од сопственикот на Дизел, Рензо Рос. По неговото превземање на Марџела, името на дизајнерот се чуваше како тајна се до сега.

Познато е дека и самиот основач Мартин Марџела важеше за една од најнедостапните личности во модната индустрија. Категорично одбиваше комуникација со надворешниот свет, со членовите на тимот комуницираше преку телефакс, а успешната работа ја препишуваше исклучително на колективот.

Познатата модна новинарка на Вог, Сузи Менкес е таа која конечно ја реши мистеријата и ја откри долгочуваната тајна на модната куќа – зад маските се крие младиот дизајнер Метју Блејзи, кој своевремено има дизајнирано за Раф Симонс. Со оглед на фактот дека од основањето на модната куќа во 1989 година, анонимноста беше нејзин заштитен знак, колку откривањето на тајната ќе наштети на имиџот, останува да видиме понатаму.

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Сцена