Колинда Грабар во црвено бела комбинација навива од трибините
•
19 декември 2022
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, гордо ги бодреше хрватските фудбалските репрезентативци за време на светското првенство во Катар.
Облечена во црвено бели комбинации, Колинда уште еднаш потврди дека е една од најдобро облечените жени во политиката, па и пошироко.
Во нејзиниот моден избор се најде и еден уникатен етно фустан кој што на суптилен начин ја покажа традицијата и елеганцијата во едно.
Не изостанаа и комбинациите во познатиот шаховски дезен.
Во изборот на чевли повторно акцентот беше ставен на црвената и белата боја.
Првата жена претседател на Хрватска покажа како може со стил да се навива на големите спортски настани.
Фото: Facebook, Pinterest