Лејди Гага го „разгази“ Њујорк во креација на српскиот дизајнер Дејан Деспотовиќ

18 јуни 2014

Лејди Гага е позната по својот храбар и неконвенционален начин на облекување. Во петокот таа од својот апартман во Њујорк излезе облечена во креација на познатиот српски дизајнер Дејан Деспотовиќ кој твори под брендот BLACK’D. Таа носеше транспарентен долг модел на кошула-фустан, во црна боја. Креацијата е дел од последната колекција за есен-зима 2014/15 на Деспотовиќ.

Кошулата—фустан Гага ја комбинираше со кожени панталони, кожен корсет и кожени ракавици и масивни златни обетки. Чевлите со висока  платформа во црна и златна нијанса ја „издолжија“ ѕвезда, а црната чанта и очилата за сонце во кружна форма ја комплетираа целата визија. Ексцентричната пејачка  моментално е на професионална  пауза, бидејќи нејзината концертна турнеја заврши во Сан Хозе, Калифорнија. Заштитното лице на модната куќа со светска слава Версаче се подготвува за големото модно шоу на куќата кое ќе се одржи на 26 јуни во Милвоки, Висконсин.

Инаку, српскиот дизајнер Дејан Деспотовиќ седум години работеше како дизајнер под сопственото име и беше дел од креативниот тим на неколку дизајнерски модни куќи во Њујорк. Од неодамна тој го создаде брендот  BLACK’D. Неговата визија е да направи бренд чии кроеви на креациите ќе се базираат на кошула-фустан.

„Мојата нова колекција се базира на кошула-фустан. Кошулата е едно од моите омилени парчиња облека и тоа секогаш ме инспирира  низ годините од мојата работа. Станува збор за сосема нова линија со ново име „BLACK'D“, која ќе се базира на неверојатни трансформации на кошулата како универзално модно парче“, вели Деспотовиќ во едно неодамнешно интервју.

 

 

 

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Сцена