МАМА МИА! Групата „Аба“ носеле бизарни костими за да не плаќаат данок

21 февруари 2014

Пејачот на групата „Аба“, Бјорн Улваеус во интервју за магазинот Гардијан откри дека шведските закони дозволувале носење на бизарни костими за настапи со цел да се избегне плаќање на данок, односно костими кои ќе бидат изработени на начин за да не може да се носат како уличен стајлинг.

„Искрено кажано изгледавме смешно на сцената како да сме излезени од некоја психијатриска установа.  Мислам дека ниту еден друг изведувач или музичка група не изгледаше полошо од нас“ - изјавил Бјорн.

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Сцена