Mарго Роби ја продолжува својата "модна турнеја" во извонредни парчиња облека.
Актерката од популарниот Barbie филм, викендов беше во својата родна Австралија каде што се доделуваа 13те по ред AACTA награди.
За оваа свечена пригода, каде што меѓу другото ѝ беше врачена Trailblazer награда за посебен придонес во филмската индустрија, Роби облече фустан со потпис на Вивиен Вествуд.
Актерката изгледаше како вистинска принцеза во тоалетата со корсет и истакното деколте, којашто лесно се спушташе по нејзината сензуална силуета.
Фустанот беше обложен со кристали кои светкаа во нијанси на виолетова, зелена и сребрена боја под рефлекторите.
Марго го дополни својот блескав изглед, со прекрасната руса коса и нежна шминка во розови и nude тонови.
Фустанот во којшто Роби се појави на церемонијата во Голд Коуст е инспириран од слична тоалета којашто за прв пат беше прикажана во пролетната колекцијата на Вествуд од 1998 година.
Фото: Getty