Модно жири од доделувањето на Ем–Ти- Ви видео наградите

26 август 2013

Во продолжение погледнете некои од најдобрите и најлоши аутфити на оваа манифестација.

Интересен спој на егзотична и мистична дама во исто време. Иако има прекрасна фигура, проѕирниот фустан на Ерин Васон покажува повеќе отколку што треба. Смело во секој случај.

Доколку сакате да бидете забележани дефинитивно одберете фустан од Версаче. Селена Гомез обожава да носи атрактивни креации и без разлика на возраста, нејзините години носат поинаква енергија. Овој модел е наменет за сите припаднички на понежниот пол кои се доживуваат себе си како вистински заводнички.

Кога би се работело за маскенбал тогаш аутфитот на Мајли би бил вистински погодок, но не и за доделување на видео награди. Интересно е да се прават несекојдневни трансформации на стилот, но овој стајлинг ни најмалку не одговара за настан од ваков тип. Несредена фризура, лош избор на аксесоар, гардероба со пластични камења... апсолутно најлош стајлинг на доделувањето на видео наградите. Изгледот напејачката е апсолутно без концепт.

Правилото дека лошиот публицитет е всушност добар, Лејди Гага одамна го практикува. Точно е дека се што прави го прави за шоу, но во конкретната ситуација покажува само дека нема никаков вкус за облекување.

Помалку ексцентрична комбинација, но во секој случај изгледа атрактивно. Црно – жолтата комбинација стана знак на распознавање на рап изведувачите. Добро би било кога жолтата боја би била во помирна нијанса, но сепак стајлингот на Чеинс е различен и на него можеме да гледаме позитивно.

Браво за Тејлор Свифт. Изборот на аксесоар одлично се вклопува во целосниот стајлинг, а младата пејачка изгледа истовремено сексапилно и женствено.

 

Објавено:
26 август 2013
Категорија: 
Сцена