Најмодерните мажи на денешницата

3 февруари 2014

Еден од најпознатите фотографи Томи Тон е најдобар во правењето на улична фотографија и токму затоа листата на најмодерни мажи на денешницата ќе ја започнеме со аутфити кои биле овековечени со неговиот фото апарат.

Прв на листата е Стефано Пилати, италијански дизајнер кој е синоним за машка елеганција. До сега има работено за Армани, Прада, Миу Миу и Ив Сен Лоран каде беше главен дизајнер се до 2012 година. Моментално истата функција ја обавува во Агнона и Ерменегилдо Зегна

Колумбиецот Хајдер  Акерман бил посвоен од француско семејство, а може токму потеклото има големо влијание во формирањето на неговиот уникатен стил, кој е позитивно оценет од голем број модни критичари и ривали. Тој прави успешен спој на различни етнички елементи со модерната елеганција, па неговиот боемски стил е тешко да не се примети.

Такахиро Мијашита е познат по ексцентричниот стил. Тој е дел од модните брендови Number и The Soloist, чии парчиња и тој самиот често ги носи и промовира.

На листата на Томи Тон се најде уште еден Јапонец кој обожава да патува. Хироки Накамура е креативен директор на сопствениот бренд  Вивисм, а успех постигна не само на домашен терен, туку го освои и американскиот пазар. Во неговите колекции големо внимание се посветува на деталите со кои дополнително се гради винтиџ стилот, а интересно за него е да се знае дека шета низ целиот свет за да открие и научи нови техники на обработка и изработка на материјали, па не не чуди што голем дел од неговите креации се копираат.

Стивен Ман е стилист од Лондон кој не е познат само по својата работа, туку и по уникатниот стил. Тој има допринос во голем број модни кампањи и едиторијали, а веќе неколку сезони е главен стилист на машката линија на Мисони.

Еден од најпознатите машки икони дефинитивно е Николсон Вустер, кој е познат по храбрите комбинации и миксот на класични со кежуал парчиња. Со диплома по новинарство и маркетинг, Ник кариерата ја започнува во маркетинг агенција, продолжува во Барнејс, а моментално работи за JC Penny

Листата не би била целосна доколку не се истакне италијанскиот шик мајстор Алесандро Скуарзи кој е директор на консултантска куќа во Болоња. Неговиот стил е комбинација од модерно и традиционално на истакнат мажествен начин, а како личност со најдобар стил покрај себе си, го смета Стив Меквин.

Сам Ламберт е познат по шеширите и брадата кои се всушност одлика на неговиот стил. Кариерата ја започнува како столар во Португалија, па преминува во модните води и тоа во лондонскиот Savile Row. Покрај тоа што работи на проектот „Art comes first“, тој е главен дизајнер за брендот Spencer Hart.

Џастин О’Шеа беше дел од листата на најдобро облечени мажи за 2013 година,а покрај тоа што воодушевува со стилот, работи за онлајн брендот My Theresa.

Листата не е комплетна без шармантниот новинар Дерек Бласберг кој за кратко време успеа да го постигне тоа што голем број луѓе го сонуваат целиот животен век. Тој е моден уредник, новинар и најпродаван автор за Њујорк Тајмс. Моментално работи за Harper’s Bazaar, V Magazine и VMAN.

Последен, но не и помалку важен е 28 годишниот  уредник на магазинот GQ. Џастин Дос привлекува внимание со стилот кој е  микс на еклектични со урбани парчиња. Влијание во формирање на неговиот стил има работата за брендот Ралф Лорен и брендот Сид Машбург.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Сцена