Нежната страна на Џејсон Момоа: Во неодоливо издание на насловната на „Esquire“

18 октомври 2019

Да, Џејсон Момоа има своја нежна и сентиментална страна, иако вообичаено неговите улоги портретираат атлети, суперхерои, „лоши момчиња"...

Тој во приватниот живот е семеен човек и фанатик за животни.

Насловната страна на ноемвриското издание на магазинот „Esquire" ја прикажува токму таа страна на неговиот карактер, а приказната продолжува на внатрешните страници во интервјуто во кое тој зборува за своето семејство, вклучувајќи ги и неговите миленици.

На насловната фотографија Момоа е во симпатично друштво, со мало црно маче, иако во интервјуто ќе каже дека во неговото друштво дома му недостасува токму вакво милениче.

Во разговорот за магазинот, Момоа вели дека штом успеал да ја ожени Лиза Бонет (со која официјално е во брак од 2017 година, а заедно се 14 години), сè е возможно – доволно романтично, се согласувате?

Уживајте во фотографиите од фотосесијата направена специјално за интервјуто.

 

 

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
324 пати