Моделите Миранда Кер, Алесандра Амбросио и Хајди Клум се во тесна трка со Викторија Бекам за најдобро „облеченото“ новогодишно дрвце.
Прва од нив, својата „креација“ на Инстаграм ја претстави Алесандра Амбросио која во секси куси панталончиња ја постави златната ѕвезда на врвот.
Слична елка имаше и прекрасната Хајди Клум која на Инстаграм постави фотографија од нејзината мајка како го кити новогодишното дрвце.
Миранда Кер на сите им посака среќни празници со прекрасна фотографија од нејзиното новогодишно дрвце, а Линдзи Елинстон постави фотографија од новогодишно дрвце каде преовладуваа виолетови и сини украси.
Интересно и несекојдневно новогодишно дрвце оваа година украси и Викторија Бекам, која наместо ѕвезда на врвот, постави Posh Spice кукла. Кој би рекол дека дизајнерката е фан на розовата боја?