Сара Џесика Паркер во романтично издание за The Edit

2 мај 2014

Во последното издание на онлајн магазинот The Edit, за прв пат главна хероина на насловната страна е Сара Џесика Паркер која зборува за нејзиниот приватен и деловен живот, за  првата линија на чанти и чевли за Nordstrom, како и за смртта на Лорен Скот.

Во едиторијалот Паркер го оживува духот на пролетта преку романтичните флорални принтови и колоритни комбинации од здолништа, блузони и панталони на познати дизајнери меѓу кои и: Симон Роша, Ердем, Питер Пилото и Долче и Габана.

 

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Сцена