Шакира и Ријана ултра секси во видеото за „Can’t remember to forget you“

31 јануари 2014

Конечно излезе долгоочекуваното видео за песната на Шакира и Ријана „Can’t remember to forget you“. Видеото на Јутјуб беше поставено вчера, а за само едно деноноќие доживеа повеќе од два милиони прегледи.

shakira-cant-remember

Во видеото двете пејачки се неверојатно секси буквално во сите сцени, што и се очекуваше со оглед на тоа што спотот беше најавуван како еден од „најжешките“ годинава.

Обожавателите на Шакира се многу возбудени за нејзиното враќање на музичката сцена по кратката пауза што таа ја зема за да му се посвети на нејзиното семејство.

Оваа соработка со една од најпознатите музички ѕвезди во моментов Ријана, е совршена за Шакира да се врати во вистинско светло на сцената.

Во продолжение погледнете го одличното видео за нивната прва заедничка песна и уживајте во одличните стајлинзи, сцената и сѐ друго што овој спот дефинитивно ќе го направи еден од најпрегледуваните годинава.

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Сцена