Шакира во емотивно интервју проговори за разделбата со Пике, нејзините деца, и терапефтскиот ефект од создавањето нова музика

23 септември 2022

Популарната ѕвезда Шакира несомнено имаше тешка година, а за своите проблеми и предизвиците со кои беше принудена да се соочи, таа искрено проговори во интервјуто со магазинот Elle.

Фото: Elle

Емотивниот разговор, таа го започнува зборувајќи за нејзиниот татко кој се соочува со тешки здравствени проблеми, а фокусот потоа се префрла на останатите приватни теми, меѓу кои и распадот на нејзината долгогодишна љубовна врска. Познатата 45-годишна пејачка неодамна се раздели од нејзиниот партнер, фудбалерот Жерар Пике, со кој беа заедно повеќе од една деценија и со кого има два сина.

Фото: Elle

„Навистина е тешко да зборувам за ова, особено поради тоа што ова е првпат да зборувам за ситуацијата во интервју. Молчев и се обидував да го процесирам сето тоа. Да, тешко ми е да зборувам, особено поради тоа што сè уште поминувам низ тоа и поради тоа што сум пред очите на јавноста и поради тоа што нашата разделба не е како вообичаена разделба", вели Шакира во еден од своите одговори во интервјуто, притоа зборувајќи за својата жртва која ја направила за нејзиниот поранешен партнер.

„Како фудбалер сакаше да игра фудбал и да освојува титули и јас морав да го поддржам. Мислам, еден од нас двајца мораше да се жртвува, нели? И јас го направив тоа. Ја ставив кариерата во втора брзина и дојдов во Шпанија, да го поддржам за да може да игра фудбал и да освојува титули. И тоа беше жртва на љубовта", вели таа. „Благодарение на тоа, моите деца можеа да имаат присутна мајка, а јас ја имам оваа неверојатна врска со нив која е нераскинлива и која нè одржува. Знаете, тоа е тоа. Тоа е сè што можам да кажам".

Фото: Elle

Таа отворено вели дека ова е „најмрачниот период од нејзиниот живот", но истовремено, таа открива дека создавањето нова музика е од големо терапефтско значење во нејзиниот процес на емотивно опоравување.

„Се чувствувам како во овој момент од мојот живот, кој е веројатно еден од најтешките, најтемните во мојот живот, музиката да донесе светлина", вели Шакира зборувајќи со возбуда за нејзиниот иден албум, за кој открива дека дел од песните се соработки, дел се на англиски, а дел на шпански јазик.

Фото: Elle

Шакира зборуваше и за песната „Te Felicito", која многумина ја сметаат за одговор на нејзиното раскинување. На прашањето за стиховите и дали тие се однесуваат на нејзината врска со Пике и таа одговори:

„Свесно или потсвесно, сè што чувствувам, сè низ што поминувам се рефлектира во стиховите што ги пишувам и во видеата што ги правам. Кога ракавицата одговара, сè се вклопува. Како што реков претходно, мојата музика е тој канал".

Фото: Elle

Фото: Elle

Шакира открива дека иако се справува со тежок период, таа не е сама ниту осамена, и дека има пријатели кои секојдневно се тука да ѝ пружат поддршка. Наедно, таа се чувствува и благодарно што ја има можноста да поминува време со нејзините деца, Саша и Милан. Сепак, таа открива дека моменталното внимание од медиумите и папараците не е пријатно искуство за нејзините деца.

„Тешко е не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Имам папараци кои кампуваат надвор, пред мојата куќа, 24/7. И нема место каде што можам да се скријам од нив со моите деца, освен во мојата куќа. Знаете, не можеме да одиме на прошетка во паркот како нормално семејство или да одиме на сладолед или да имаме каква било активност без да нè следат папараци. Па, тешко е. Се обидов да ја скријам ситуацијата од моите деца. Се обидов да го направам тоа за да ги заштитам, бидејќи тие се моја најважна мисија во животот. Но, тие слушаат нешта на училиште од нивните пријатели или наидуваат на некоја непријатна вест онлајн и тоа влијае на нив", вели таа. „Вознемирувачко е за две деца кои се обидуваат да ја процесираат разделбата на нивните родители... Понекогаш чувствувам како ова да е само лош сон и дека во еден момент ќе се разбудам. Ама не, ова е реално. Реална е разочараноста што гледам нешто толку свето и специјално, како што мислев дека е врската која ја имав со таткото на моите деца, се претвора во нешто вулгаризирано од медиумите. И сето тоа додека татко ми е на интензивна нега и јас се борам на различни фронтови. Како што реков, ова е најмрачниот период од мојот живот. Моите деца не заслужуваат да бидат набљудувани секоја секунда, да бидат фотографирани кога одат на училиште или да бидат следени од папараци. Заслужуваат нормален живот."

Фото: Elle

Фото: Elle

Во интервјуто Шакира зборуваше и за даночните обвиненија против неа од шпанската влада, кои начелно ги изнесе на суд. „Шпанските даночни власти видоа дека излегувам со шпански државјанин и почнаа да се лигават", рече таа разговарајќи за првите месеци од нејзината врска со Пике. „Јасно е дека сакаа да тргнат по тие пари без разлика на сè".

Интервјуто беше проследено со фотографии на кои пејачката позира во креации од врвни модни брендови како Диор, Етро, Каролина Ерера и Версаче.

Фото: Elle

Објавено:
23 септември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.204 пати