Од 7 до 17 септември се одржува 42-то издание на престижниот Филмски фестивал во Торонто, каде покрај импресивната програмска содржина на чиј распоред се проекциите на најдобрите филмски изданија за годинава, исто толку внимание привлекува и црвениот килим.
Тука веќе продефилираа бројни значајни актерски имиња кои оставија печат со своите стилски изданија.
Вчера 51-годишната актерка Хали Бери беше главна тема откако се појави во сексапилен комбинезон од Зухаир Мурад со длабоко деколте.
Исто толку внимание привлече и Џенифер Лоренс на премиерата на филмот „Mother", која се појави во дводелна комбинација, со корсетиран горен дел и светкаво здолниште.
Маргот Роби, Никол Кидман и Розамунд Пајк одбраа макси тоалети, закопчани до грло и покажаа како се носи сексапил и без длабоко деколте.
Во галеријата погоре погледнете што сумиравме до сега од црвениот килим на Филмскиот фестивал во Торонто.
Фото извор: Getty images