Што си посака Мерилин Монро во 1955 година?

5 јануари 2015

860968_64CHUSBSFMFP2UNPBNVFDBVPLCN4K3_1955_H115442_L

Почетокот на Новата година е време кога некои од нас се анализираат, гледаат до каде стасале и што направиле, како и време кога се работи на листата на задолженија за претстојните, нови 365 дена.

Во тој контекст, магазинот Vanity Fair ја објави листата на желби на сексапилната Мерилин Монро за тогаш Новата 1955 година. Од она што тие го пренесоа, а запишано е во адресарот на актерката во вид на белешки, се гледа дека Мерилин била одлучна жена, жена што сака да биде сериозно сфатена во својата професија. Таа 1955 година Монро ќе доживее огромен успех преку филмовите Gentlemen Prefer Blondes и How to Marry a Millionare, а еве што таа си посака себеси пред почетокот на сите овие успеси:

tumblr_mii4vdWHtZ1r2t5pso1_500

Морам да направам напорт и да бидам дисциплинирана за следниве нешта:

z - да одам на часови, без исклучок

x - да одам што е можно повеќе да ги гледам приватните часови што ги држи Страсберг

g -никогаш да не ги испуштам актерските студиски сесии

v - да работам колку што е можно повеќе - на задачите на час - и секогаш да се посветувам на актерските вежби

u - да почнам да одам на часови кај Клерман, и на часовите по режија кај Ли Страсберг во театар- да се информирам за двете

l -да гледам што повеќе околу себе, да набљудувам, но не само себе туку и другите - да ги гледам работите без скриено значење

6635247793_d6ab9ab8d0_o

y -да работам на актуелните проблеми и фобии што произлегуваат од моето минато - да вложувам многу многу многу повеќе труд во анализите. И да бидам секогаш точна - без изговори за доцнење

w -ако е можно -земи макар еден час на универзитетот - по литература

o -да продолжам да ја следам работата со RCA

p -да најдам некој да ми дава часови по танц - работа на телото (креативност)

t - да се грижам за мојот инструмент - личноста и телото (вежби), да се обидам да уживам кога можам - затоа што и без тоа, доволно мизерно се чувствувам.

Каква е вашата новогодишна листа на желби и обврски?

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Сцена