Вака изгледала Викторија Бекам на првата фотосесија!

27 јуни 2016

Викторија Бекам денеска е една од најценетите модни икони и дизајнерки на модната сцена. Уште пред да стане дел од планетарно популарната музичка група „Спајс Грлс“, таа обожавала да биде пред камера и снимила и неколку реклами и фотосесии кои неодамна го здогледаа светлото на денот. 

Имено, во јавноста се појавија фотографии од нејзината прва фотосесија што таа ја направила за Лондонската академија за здравје и убавина на само 15 години кога изгледа тотално непрепознатливо. 

На фотографиите, популарната дизајнерка можеме да ја видиме во друштво на уште неколку други тинејџери со кои заедно ја промовираа академијата за убавина. 

Таа изгледа навистина шик со долга виткана коса, шишки, црна шминка и униформи кои им биле доделени за фотографирањето. 

Фотографиите се направени кога таа била тинејџер и живеела со нејзините родители Жаки и Антони, сестрата Луиз и братот Кристијан во Хертфордшир. 

Во периодот кога ја направила и првата фотосесија, таа почнала да посетува и часови по глума како резултат на нејзината голема желба да биде дел од шоубизнисот. 

Во март 1993 – тата година Викторија била повикана да биде дел од реклама, по што само една година подоцна, станува дел од мега популарниот женски бенд „Спајс Грлс“, а останатото е веќе историја! 

 

Објавено:
27 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.803 пати