Валентино владетел на црвените килими

1 јули 2013

Валентино отсекогаш беше близок со жените што сакаат да изгледаат убаво. Поради тоа оваа модна куќа има долг стаж во облекувањето на дамите за разни елгантни случувања. Val`s Glas како што се нарекуваа дамите-музи на Валентино, имаа чест дизајнерот лично да им креира романтични и бајковити креации.

Марија Грација Чиури и Пјерпаоло Пиколи ја продолжија визијата на дизајнерот во облекувањето на жените во фустани во кои се чувствуваат како принцези, но исто така ја проширија листата на дами што ги носат.

Оваа година, неговите креации ги гледавме на црвениот килим на доделувањето на Оскар, на Vanity Fair забавите, канскиот филмски фестивал, но и разни други случувања, а ги сакаат сите, од Адел и Мајли Круз, преку Кети Пери и Миранда Кер, до Никол Кидман и Џенифер Лоренс.

Погледнете кои се омилените фустани на познатите дами од овој дизајнер, и тоа на црвениот килим.

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Сцена