Ова е најромантичната колекција на Валентино

10 септември 2013

14

Цвеќе, пеперутки и балерини се мотивите кои ги испирираа Пјерпол Пиколи и Марија Грација Чиури за Red линијата на куќата Валентино за пролет-лето 2014, наменета за вљубениците во овој бренд. Погледот на колекцијата дава еден заклучок - дека е наменета за дамите кои никогаш не планираат да пораснат, напротив - што сакаат да ја покажат својата детска страна.

Романтичните здолништа со цвеќиња и пеперутки, плетени фустани со пченица, слоевити куси фустани украсени со панделки, пеплум топови, точки и тул - сетот тоа се облекува во колекцијата на која ретко кој може да и одолее.

„Чувството на восхит и љубопитност беа водечки нишки при креирањето на колекцијата“, нагласи дизајнерското дуо.

Погледнете ја колекцијата:

Објавено:
10 септември 2013
Категорија: 
Колекции