20 женствени зимски комбинации инспирирани од блогерката Алис Оливија

18 декември 2020

Популарната британска блогерка Алис Оливија наметна препознатлив имиџ во кој главниот акцент е на минималистичкиот, но ефектен изглед.

Во нејзиниот стил нема да наидете на многу бои или еклектика, но затоа елегантната и прочистена естетика ја има доведено до совршенство.

Монохроматски комбинации од квалитетни парчиња облека, што совршено прилегаат на нејзината фигура (висока е околу 1.65м) се секогаш нејзин приоритет во кој се пронаоѓаат многу од нејзините следбенички на Инстаграм, а бројката надминува повеќе од половина милион.

Оваа зима нејзиниот избор е базиран на слоевити бели, беж или црни комбинации, најчесто заокружени со ефективен макси капут или пак екстравагантни чевли.

Ако се пронаоѓате во овој стил, проследете ги овие 20 женствени комбинации што ги селектиравме од нејзиниот зимски плакар.

Објавено:
18 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.861 пати