Стилот на Оливија Палермо - инспирација за деловен изглед

28 ноември 2016

Помеѓу дамите кои важат за стилски икони во современата модна индустрија, секако е и Оливија Палермо која секогаш е умешна во комбинирањето на елегантниот со урбаниот изглед.

Токму затоа нејзините комбинации се уникатни, а универзални и лесно може да се адаптираат во деловниот имиџ на бизнис жените.

Многу често во својот стил ги комбинира дводелните одела, надополнети со шик детали и фантастични високи потпетици. Но, исто така на своите елегантни и женствени аутфити, секогаш знае во вистинско време да им додаде спортска естетика, па не ретко комбинира патики или удобни ниски чевли.

Монохроматските варијанти во нејзиниот стил се исто толку застапени колку и еклектичните комбинации со графички принтови или миксот на различни ткаенини и текстури со што се добива ефект на слоевитост и се избегнува монотонијата.

Инспирирајте се.

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.416 пати