Кралицата Летиција ја отвори сезоната на кошула-фустани, а ова се нашите топ 10 фаворити

20 март 2023

Шпанската кралица Летиција неодамна се појави на службен настан во Мадрид, на кој носеше кошула-фустан во интензивна розова нијанса, отворајќи ја пролетната сезона на ова женствено парче.

Моделот на кошула-фустан стана карактеристика на нејзината стилска „униформа", па неретко, особено во пролетната и летната сезона, оваа дама може да ја видиме во избор што одлично ѝ прилега на нејзината фигура.

Покрај монохроматските модели, кошула-фустаните се особено привлечни кога се со впечатлив принт, апстрактен, флорален или пак геометриски или во комбинација на различни дезени.

Со оглед на џинс-манијата оваа сезона, меѓу најактуелните ќе бидат и џинс кошула-фустаните, а во продолжение ги издвојуваме нашите 10 фаворити за оваа сезона.

 

Објавено:
20 март 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
320 пати