Комплетната стилска слика секогаш ја заокружуваат деталите. Во суштина, токму благодарение и на финалните примеси ја потенцираме уникатноста во нашиот имиџ.
Особено во овој период на финални подготовки за матурските забави, секој детаљ е значаен при дефинирањето на идеалниот изглед на матурантките.
Fashionel ви ги препорачува висококвалитетните производи на македонскиот бренд La Dama која нуди голем избор на хулахопки што соодветно ќе се вклопат во изгледот на матурантките, независно од нивниот индивидуален стил.
Во зависност од тоа дали сте романтична девојка или сакате да експериментирате со вашиот изглед, најголемиот избор на хулахопки го носат потписот на La Dama.
Доколку за вашата матурска вечер се одлучите за класичен изглед што никогаш не излегува од трендовските рамки, и облечете мал црн фустан, тогаш идеално ќе го надополните со црни проѕирни хулахопки со сатенски сјај.
Ако ги следите актуелните трендови и одберете лелеав фустан со цветен принт, совршен избор се меките проѕирни перлон хулахопки.
Доколку пак акцентот сакате да го ставете на нозете и сакате да добиете свиленкаст ефект, тогаш ви ги препорачуваме класичните свилени хулахопки.
Памeтете ја матурската вечер по убавите моменти споделени со вашите врсници, но истовремено чувствувајте се удобно во своја кожа зашто само така вашата убавина ќе дојде до полн израз.