Ако сте мислеле дека екстравагантните чанти, со интересна форма и материјал ги има само во модните списанија и на телевизија, македонскиот бренд Елена Лука го покажа токму спротивното. Сега, женските фантазии, модните трендови и луксуз се на чекор од вас. Чантата што ние денес ви ја презентираме е дел од колекцијата ELigion. Она што ја прави специфична е формата на коцка, а црната боја ја прави идеална за бројни комбинации. Капакот е обложен со светкав материјал, што ја прави идеална за свечени пригоди. На металната рачка во златна боја е впишано името на брендот.
Оние посмелите и поумешните, можат да ја комбинираат и во секојдневни, урбани комбинации, со салонка, џинс и волуменозен капут или елек без ракави. Изборот нека биде ваш. Изборот нека биде Елена Лука.
Она во што сме сигурни е дека овој моден додаток ќе направи да се почувствувате светски, како вистински урбан лик од градот.