Едно од ИТ парчињата оваа пролет дефинитивно ќе бидат шик кимоната! Истите веќе се достапни во понудата на голем број брендови во различни форми, дезени, со реси и со разни прекрасни детали.
Многу од модните куќи не успеаја да одолеат на ресоздавањето на класичното и елегантно кимоно во неговата основна форма, па така, во понудите може да најдете и сосема едноставни, но доволно впечатливи.
Она што е особено прекрасно кај ова парче, е тоа што истото ќе ја разубави и вашата наједноставна комбинација, давајќи и посебен печат и неверојатен шарм.
Едни од најубавите модели оваа пролет се дефинитивно бохо кимоната чија колоритност ќе ви го разубави секој ден.
Модните куќи како Емилио Пучи, Етро и Малбери се само некои од брендовите кои голем дел од своите колекции ги посветија на раскошната Источна култура и прекрасните бои и дезени што се раѓаат токму таму.
Кимоната можете да ги комбинирате буквално со се, почнувајќи од тесни и широки фармерки, здолништа, лежерни фустанчиња, но и елегантни креации.
Без разлика на тоа каков модел да одберете, бидете сигурни дека го имате парчето на сезоната!