Ремени со големи токи: Моден додаток што ќе го направи изгледот впечатлив

27 јануари 2021

Некои ќе речат дека 80-тите се декада со најлоша мода, а други ќе речат дека нема поинтересна. Но, и двете групи би се сложиле дека се инспиративни.

Тоа го покажуваат и дизајнерите кои не се стегаат да посегнат по некоја идеја, позајмена естетика или детаљ.

И токму естетиката од 80-тите ја препознавме и во новиот тренд ремени.

Широки или тенки, важно е да имаат голема тока. Ако е во необична форма, како со резбани линии и позлатена метална површина, дефинитивно ќе препознаете од каде доаѓа идејата.

Од друга страна, постојат и поминималистички модели, кои вклучуваат едноставни линии и метал.

И едните и другите совршено ќе придонесат вашиот изглед да добие нов контекст и да биде уште повпечатлив.

Можете да ги комбинирате на капут, одело, фустан, панталони, кошула... Речиси на се' што ќе посакате, секако ако умеете да ги носите.

А ако немате инспирација или досега не сте се осмелиле на некој нов начин освен оној класичниот, еве неколку предлози во продолжение што ќе ве инспирираат:

 

Објавено:
27 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
875 пати